Единиасет медицински сестри станаа вистински медицински феномен, но и сензација на социјалните мрежи затоа што сите забремениле во исто време.
Како што изјавила главната медицинска сестра за медиумите, се работи за ситуацијата што вистински го погодила хируршкиот оддел на болницата „Вентворт-Даглас“ во Њу Хемпшир и тоа изгледало како „домино ефект“. Вработените една по друга пријавувале бременост.
„Се запрашавме – да не има нешто во водата“ – се пошегувал помошникот анестезиолог Серена Свансон, која на 9 мај го родила нејзиниот син Еверет. Бебиња се очекуваат буквално секој месец: во јуни, јули, август, септември и октомври.
Треба да се напомене дека ова не е прв и не е изолиран случај, а експертите немаат медицинско објаснување за оваа појава.


