Во Основниот кривичен суд денеска Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор.
Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единствена казна затвор од осум години.
Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На изрекувањето на пресудите имаше и романтичен момент: Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетата Ирена Ивановска.

Таа кажа „Да“.


