Aктерката Џенифер Анистон е снимена како излегува од теретана во Лос Анџелес.
Таа о облечена во црни хеланки, црн горен дел со натпис „Stand Up To Cancer“ и апостолки. Актерката не е нашмиинкана со пуштена коса.
Многумина веруваат дека 54-годишната актерка има многу добра фигура и е во топ форма.
Анистон посветува посебно внимание на тренинзите бидејќи пред неколку години го повредила грбот на еден непрофесионалени тренинг. Таа откри дека сега ужива во лесни вежби.
„Станував неколку часа пред работа само за да правам кардио. Верував дека ќе ме боли или ќе се онесвестам, но сето тоа беше погрешно. Забележав дека некои делови од моето тело сега се убаво дефинирани, што порано не беше случај“, вели познатата актерка.


