Писател кој изгледал како сите бродови да му потонале затоа што никој не му дошол на потпишувањето на неговата нова книга, инспирирало еден „тиктокер“ да му пријде и да разговара со него. Видеото е прегледано повеќе од 17,4 милиони пати, а потоа многумина одлучиле да го купат неговиот фантастичен роман.
Првата книга на 58-годишниот Шон Ворнер од Арлингтон, Тексас, стана бестселер на Амазон, откако на „TikTok“ беше објавено тажното видео на кое се гледа како никој не му дошол на потпишувањето на неговата книга.
На видеото шти го снимил тиктокерот со прекар Ред, писателот може да се види како седи на масата на која се наоѓаат многу примероци од неговиот фантастичен роман. Ред решил да му помогне и да го објави на социјалната мрежа.
@internetfamouslol #stitch @Theresa Bakken Narrator Look what everyone coming together to has accomplished. This is so amazing the overwhelming support and positivity! So many Great things Coming Soon! #indiewriter #1bestseller #booktok #booksoftiktok #fyp #giveaway #bookgiveaway #shawnwarner #author #tiktokbooks #LOVEALL @Black Rose Writing ♬ original sound – Red
За кратко време видеото го „полуде“ интернетот, пишува Дејли Мејл, а луѓето побрзаале да си купат примерок од книгата. Набрзо книгата на Шон станала најпродавана на Амазон, а авторот призна дека продажбата дотогаш не одела добро.
Ред објасни како поминал покрај Шон, кој изгледал многу лошо, а потоа одлучил да се врати и да сними разговор со авторот, во кој тој го раскажува заплетот на неговиот дебитантски роман, „Leigh Howard and the Ghosts of Simmons-Pierce Manor“. Како што открил, станува збор за тинејџерка која се здружува со дух кој има повеќе личности за да ја реши мистеријата за убиството на нејзините родители.
Во видеото, тиктокерот побара од писателот да му потпише примерок од книгата, што ќе ја подари на еден од неговите 24.900 следбеници, а додаде и фотографија од страната на Амазон каде што може да се купи.
Исто така, тиктокерот сподели клип од биографијата на Шон во кој авторот вели: „Мојот живот беше и останува фантастична авантура. Најдобриот дел е дефинитивно оној во кој сум сопруг на неверојатна сопруга и татко на две големи деца. Бев падобранец, терапевт и инженер. Во минатото скокав со падобран, нуркав, тренирав боречки вештини и банџи скокање. Сега го живеам мојот детски сон да станам писател!“
Во описот на видеото Ред вели дека не го познава Шон и дека не се работи за промоција, туку само сакал да биде добар со странец. Призна дека не ни чита книги, но сепак нешто го поттикнало да купи неколку.
Коментирајќи го својот ненадеен успех, Шон сними и свое видео, кое започнува со зборовите: „Љубовта и добрината продолжуваат да доаѓаат. Ќе помислите дека како писател треба да имам зборови за тоа, но немам – само ви благодарам“.


