Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајдено петнаесетгодишното момче кое ноќеска беше пријавено за исчезнато.
“Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот. Малолетникот ќе биде предаден на родителите”, стои во соопштението на МВР.


