За многу луѓе кучињата и мачките се практично членови на семејството, па затоа им е доста тешко да се одвојат од нив кога патуваат со авион.
Приватната компанија за авиони K9 Jets од Бирмингем најде за ова решение па почна да нуди летови за домашни миленици. Станува збор за летови кои го поврзуваат Њујорк со Париз, Лисабон и Лондон.
Притоа, имате две опции: можете да купите седиште за вашето домашно милениче или тоа да остане до вас на подот, без дополнителни трошоци.
Седиште за домашно милениче на летот на К9 Џетс чини околу 8 илјади евра и миленичињата имаат право на оброк.
Сопствениците во ово случај директно влегуваат во авионот, не чекаат ред, ниту пак милениците ќе мора да бидат во кафез. Засега не се знае дали и другите авиокомпании ќе го следат примерот.


