Софија Вергара го заштитила нејзиното богатство, но што е со нејзиниот поранешен „сиромашен“ сопруг

Нивната врска на многумина им изгледаше идилично, а веста за разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело им дојде како гром од ведро небо.

Фановите кои ги следеле постојано, можеби ги забележале брачните проблеми кога Манганело прилично студено ѝ посака на Вергара среќен роденден. Тие немаат деца, а се што треба да поделат е брачниот имот.

Парот се венчаше во 2015 година, откако претходно потпишале предбрачен договор на иницијатива на актерката која сакала да го заштити својот имот, а Џо немал никаков проблем со тоа. Наводно, предбрачниот договор е вреден 100 милиони долари, а Софија со текот на годините јасно ставила до знаење дека таа и нејзиниот сопруг одделно ќе управуваат со своите финансии.

Парот живеел заедно во Беверли Хилс, поточно во многу ексклузивната и посакувана населба Беверли Парк, а тој нивни дом веќе е ставен на продажба, од јуни и за него бараат 18 милиони долари.

Иако немаат деца, што го прави овој случај на развод малку поедноставен, тие се сопственици на кученцето Баблс. Според законот во Калифорнија, судијата ќе треба да одлучи кој ќе го добие миленикот по разводот..

Актерката наводно вреди неверојатни 180 милиони долари, додека Манганело вреди само 40 милиони долари.

Колумбијката кариерата ја започна како модел, откако на 17 години снимила реклама за Пепси. Иако таа се појави во бројни филмови, дури кога ја доби улогата на Глорија во „Модерно семејство“ на ABC, таа стана суперѕвезда.

На врвот на популарноста на оваа серија, таа заработуваше дури 500.000 долари по епизода. Ако ја земете таа бројка и ја помножите со приближно 22 епизоди во секоја сезона, ведаш ќе ви стане јасно зошто Форбс ја прогласи за „најплатена ТВ актерка“ во 2020 година, откако заработи 43 милиони долари.

Покрај тоа, таа моментално е „судија“ во жирито на шоуто „America’s Got Talent“ од кое заработува 10 милиони долари по сезона.

Иако споредено со заработката на неговата наскоро бивша сопруга, Џо изгледа прилично сиромашно, сепак реалноста не е ни приближно таква.

46-годишниот актер најмногу се памети по филмот „Magic Mike“, а подоцна глумеше и во продолженијата на култниот филм. Покрај тоа, тој глумеше и во „Спајдермен“ и во серијата на HBO „True Blood“.

Најчитани вести