Еден од најпознатите кинески бизнисмени, милијардерот и основач на „Алибаба“, Џек Ма деновиве бил виден и во Скопје, во еден од познатите ресторани на кејот на Вардар, јавија повеќе портали.
Независен претходно пренесе дека Ма бил снимен во ресторан во Белград, а тамошните медиуми пишуваа посетата ја поврзуваа со бизнис зделки.
Инаку, кинескиот милијардер бил и во посета на Сараево.
Како што пренесоа македонските портали, Ма, во придружба со повеќе луѓе бил на ручек во скопски ланч бар на Градскиот кеј, бил видно расположен и уживал во македонската храна и пијалок, иако од сликата не може точно да се препознае дали навистина е тој.
Извор: Независен.мк


