Ако мислите дека кучето може да ви направи голема штета доколку го оставите во вашиот автомобил некое време без надзор, размислете повторно. Штетата што тоа ќе ја нашрави не е ништо во споредба со она што може да го направи мечка.
Токму тоа ѝ се случило на една жена во САД, во близина на езерото Тахо, на границата меѓу Калифорнија и Невада. Жената ја имала таа „среќа“ во нејзиниот автомобил да влезе мечка во потрага по храна и случајно да се заклучи во автомобилот.
Сето тоа е снимено и видеото е објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледаат збунети и исплашени луѓе како ја гледаат подеднакво збунетата и исплашена мечка која се обидува да излезе од Toyota Corolla во која се заклучила. Мечката почнува да го кине тапацирот во внатрешноста на автомобилот, пластиката и изолацијата од вратата и другите делови. Она што не е видливо на видеото веројатно е исто толку подеднакво лошо за сопственикот: од страв мечката извршила нужда на задното седиште од автомобилот.
@alejandra_n_h Everyone keeps saying they wouldnt have believe it happened but because its me theyre not surprised. #weekendgetaway #storytime #laketahoe #laketahoebear ♬ original sound – Alejandra
За среќа, сопственикот и другите кои ја забележале оваа необична глетка не се обиделе сами да ја ослободат мечката, туку повикале полиција. Полицајците набрзо пристигнале, едниот со шипка ја отворил вратата, додека другиот ја држел мечката под пиштол. Веднаш штом била ослободена, мечката набрзина излегла од автомобилот и побегнала кон дивината.
Палавата мечка била неповредена, но автомобилот бил доста оштетен. На видеото се гледаат уништените врати на автомобилот и бројни други оштетувања на внатрешноста предизвикани од мечката.
За среќа, автомобилот бил осигуран за ваков тип на „незгода“ и ќе биде покриена целата штета.
Случаите мечка да заврши во автомобил во САД не се премногу ретки. Ако возачот ја остави вратата отворена во некои делови на САД, лесно може да се случи мечка, во потрага по храна, да влезе. Популацијата на мечки во САД е многу голема, со околу половина милион единки.


