Хари и Меган се селат од Калифорнија

Според Њујорк пост, брачниот пар најверојатно ќе се пресели во Малибу и дека тајно ги разгледувале имоти за да можат да бидат поблиску до Лос Анџелес. Неименуван извор вели дека не е познато дали ќе го продадат Монтесито или само ќе купат друг имот во Малибу. Од 2020 година, војводата и војвотката од Сасекс живеат во замок вреден 14 милиони долари.

Ваквите медиумски натписи одбиле да ги коментираат претставниците на брачната двојка но нивни блиски избори изјавиле дека тие престојуваат во нивниот сегашен дом.

Човек кој живее во нивна близина раскажува дека се обидел да им донесе ЦД со филмови што ги снимил за историјата на областа, но обезбедувањето кое се однесувало непријатно го одбило.

Најчитани вести