Поедини здравствени состојби потешко се дијагностицираат зависно од тоа колку се познати нивните симптоми. Затоа лекарите повикуваат доколку забележите некој знак на целијакија или нетолеранција на глутен веднаш да одете на лекар. Интересен е фактот што луѓето и не се свесни дека ја имаат ова болест која се манифестира со дијареа, надуеност, болка во стомакот а мал процент од луѓето ќе почувствуваат вкочанетост и трнење во нозете и рацете.
Целијакијата или нетолеранција на глутен, протеин кој го има во пченицата, ржта и јачменот е резултат на недостаток на витамини Б12, Д и Е и недостаток на фолати и железо, што влијае на нервниот систем и со тоа доаѓа до вкочанетост или пецкање во рацете и нозете. Ова може да резултира со потешкотии во секојдневните работи, отежнато пишување, може да влијае на рамнотежата а во потешки случаи и на активноста на мускулите.
Последици од целијакијата се губење на тежина, замор и осип.


