Сите добро го знаеме: Некогаш беше омилен на естрадата, а сега е успешен доктор во Швајцарија и признат од здравственото осигуривање

Некогаш беше омилен на естрадата, а денеска живее во Швајцарија, каде основал семејство и се свртел кон сосема друга професија. Иако се уште, како што вели се занимава со музика, но не толку активно, настапува само таму каде што сака, сепак неговата професија е нешто сосема друго.

Пејачот Зоран Ванев дипломирал на Природно-медицинскиот факултет и станал признат доктор по медицина во Швајцарија.

-Музиката ми останува како ген со кој сум се родил и секогаш ќе се трудам да бидам активен, макар и да е вака малку. Главна професија во изминатите години ми е доктор. Дипломирав на Природно-медицинскиот факултет и станав признат доктор по природна медицина во Швајцарија – изјави претходно Зоран.

-Студијав цели пет години од понеделник до недела (без пауза), затоа што учев од понеделник до петок на природно одделение, а секоја сабота и недела студирав конвенционална медицина – појасни тој.

-Затоа ме немаше на естрадата, но воопшто не се каам затоа што сега работам многу прецизна работа. Веќе четири години работа во Цирих во мојата ординација како доктор по природна медицина. Дел сум од мрежата на здравствено осигурување – откри пејачот.

-Јас сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување, изјави во една прилика штипјанецот Ванев.

Судејќи по објавите на Зоран на социјалната мрежа Инстаграм, тој го живее животот максимално, често патува и објавува слики од атрактивни дестинации.

Најчитани вести