Начини на кои се справуваат мачките против топлото време

Мачките летните горештини ги поднесуваат нешто подобро од кучињата, но сепак не толку добро за да можат да бидат изложени и на највисоки температури. Здравствените проблеми поврзани со топлината не се вообичаени кај мачките затоа што тие се и доста паметни кога станува збор за нивно разладување.

– ја штедат енергијата

Можеби ќе забележите дека вашата мачка ја снемува преку ден кога е топло, тоа е затоа што таа мирува и си ја чува енергијата со што спречува прегрејување на телото. Скриена некаде во ладовина се чува од топлото за потоа да биде активна кога ќе помине топлината.

– бара постудени места

Не треба да бидете изненадени ако ја затекнете вашата мачка како лежи на подните плочки во купатилото или кујната, или пак на земја во подрум. Тие се доста паметни и знаат дека студениот под ќе им го лади телото и ќе ги заштити од топлото време и високите температури.

– повеќе се чистат

Мачките не можат да се потат како луѓето, па затоа повеќе се чистат за да се изладат. Чистејќи се за време на топлината, плунката на мачката испарува од нивното крзно и со тоа се разладуваат.

– пијат повеќе вода

Исто како луѓето и кучињата и мачките се жедни, затоа треба да обезбедите вашата мачка секогаш да има пристап до ладна и свежа водичка.

– имаат корист од своето крзно

Погрешно ни е мислењето дека крзното на мачките дополнително влијае за тешкотии со топлината напротив тоа има изолаторска моќ која помага во регулација на телесната температура.

Најчитани вести