„Разгледување 5 евра“: Сопственик на продавница смислил начин како да се ослободи од туристите кои не сакаат да купат ништо

Да, добро прочитавте: на сопствениците им е преку глава од туристите кои влегуваат и потоа излегуваат без да купат ништо. Меѓутоа, ако се прашувате како тоа изгледа во пракса, продавницата сеуште никому не наплатила за разгледување.Според менаџерот Тони Мерион, намерата овде всушност не е да им се наплати на љубопитните набљудувачи, туку да се спречат туристите во нарушување на работата на продавницата.

Мерион објаснува дека знакот на почетокот бил поставен како шега, но се покажал како доста ефикасен во поттикнување на продажбата, па затоа и останал. Сега, кога посетителите доаѓаат да ја фотографираат продавницата, често на крај и купуваат по неколку производи. Покрај тоа што ќе потрошат нешто, многу посетители исто така покажуваат и подобри манири – нешто што сопствениците сметале дека не се случува кога туристите се шетале низ продавницата и фотографирале сè околу нив.

Оваа „неуништлива“ продавница е популарна атракција во градот поради своите носталгични реклами од 1920-тите и модернистичкиот шарм. Масовниот туризам станува се поголем проблем во Барселона, а ова не е првпат градот, без разлика дали на градско или на приватно ниво, да се преземаат мерки против, како што го сметаат тие, непожелно однесување. Така, минатата година Барселона го забрани пушењето на сите плажи во градот, воведувајќи казна од 30 евра за секој што ќе биде фатен како пуши.

Градот дефинитивно се обидува да го балансира растечкиот број на туристи со одржување на градот чист и погоден за живеење, а дали ќе успее во тоа ќе покаже времето.

Извор: dnevnik.hr

Најчитани вести