За жал тажна вистина е дека луѓето ги изневеруваат нивните партнери/ки со кои се во врска или во брак. Колку разни личности постојат толку има и различни дефиниции за неверство, па за некои флертувањето е сосема доволно за да ја обвинат другата страна за прељуба, додека други го дефинираат изневерувањето како ситуација во која партнерот имал секс со друга личност.
Во секој случај, воопшто не е убаво чувството кога некој ќе биде измамен или изневерен, особено кога тоа е од личноста која ја сака. Проблемот со довербата понатаму може да влијае на сите идни врски бидејќи никој не сака повторно да биде повреден.
И како да знаеме дали некој ќе не излаже? Ова навистина не може да се знае однапред, но астролозите тврдат дека одредени хороскопски знаци се повеќе склони кон изневерување од другите уште од самиот почеток.
Вага
Иако Вагите пред се важат за многу слатки и нежни личности, тие се и големи флертувачи, што само по себе може да биде проблем во врската со нив бидејќи. Флертувањето не престанува дури и кога Вагите ќе завршат во стабилна врска, и иако изгледа безопасно, понекогаш оди предалеку. Имено, Вагите сакаат се што е убаво, а кога ќе наидат на друго суштество кое исто така го сметаат за убаво, лесно го губат компасот.
Близнаци
Близнаците се многу барани, особено кога се во врска, а доколку не им посветите доволно внимание, тие тоа ќе го побараат на друго место. Покрај тоа, ова е знак што сака забава, а во забавата, многу почесто од другите завршуваат со нејој друг/друга. Освен тоа, ако на Близнаците им е здодевно во врската, тие се исто така повторно изневеруваат – освен ако не соберат доволно храброст целосно да ја раскинат врската.
Јарец
Кога се во врска, Јарците имаат големи очекувања. Тие сакаат да извлечат што е можно повеќе од нивната врска, да бидат среќни, а имаат максимална поддршка и стабилност. Бидејќи не е лесно да се најде сè што сакаме во една личност, наместо да направат компромис, Јарците често ќе одлучат да го побараат тоа што им недостига во друга личност и да изневерат, дури и ако тоа значи губење на саканата личност.


