(ВИДЕО) Тројца луѓе отидоа до работ на Вселената: Си поседоа 5 минути и се вратија

Ракетата на „Вирџин Галактик“ полета од Ново Мексико носејќи ја 80-годишна поранешна британска олимпијка, студентката од Абердин и нејзината мајка во вселената. Тие имаа околу 5 минути да уживаат во глетката од „работ на вселената“, а потоа безбедно се вратија на Земјата.

Млазен авион ја носеше ракетата Јунита во првата фаза од патувањето. Во одреден момент ракетата се одвои и отпатува на надморска височина од 85 километри. Патниците кои беа во неа во дел од мисијата патувале и со брзина од околу 1.000 километри на час. Тие имале прилика и да уживаат во бестежинската состојба и по пет минути поминати на почетокот на Вселената, ракетата се свртела и се вратила кон Земјата.

Ова е прв туристички, но втор комерцијален лет на „Вирџин Галактик“.

Првиот беше во јуни кога италијанските воздухопловни сили и научниците спроведоа експерименти во бестежински услови во мисија што траеше 70 минути.

Анастасија Мајерс и нејзината мајка Кеиша Шахаф и параолимпиецот Џон Гудвин од Њукасл сега се официјално астронаути. Мајката и ќерката ги освоиле билетите за да се качат на летот на Вирџин Галактик на натпревар, додека Гудвин е втората личност со Паркинсонова болест која отишла во вселената. Тој го купил билетот пред 18 години.

Најчитани вести