Гласините за нова љубов на милијардерот и медиумски магнат се појавија само четири месеци откако тој ја раскина свршувачката со Ен Лесли Смит ( 66). Само две недели пред да ги објават плановите за венчавката, поранешниот пар соопшти дека повеќе не се заедно.
Сега медиумите објавуваат дека медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) наводно летувал на јахта со научничката Елена Жукова, пренесува „Дејли мејл“.
-Ја има енергијата на луѓето со половина од неговите години. Можеби повторно е заљубен – изјавил извор близок до Мардок за медиумите.
Инаку, Мардок се разведе од Џери Хол во август минатата година.
За потсетување, Рупет од три претходни брака има шест деца – Пруденс, Елизабет, Лахлан, Џејмс, Грејс и Клои.
Мардок во 2013 година, по 14 години брак, се разведе од неговата трета сопруга Венди Денг, по која се ожени со поранашната сопруга на Мик Џегер, Џеси Хол.
Богатството на тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.


