(ФОТО) Kaко да доаѓаат од осумдесеттите години: Ќе го натовариме „стокецот“ и право на море, како во старите добри времиња

На социјалните мрежи се шири фотографија која како да е направена пред повеќе од 30 години, како што некогаш луѓето одеа на одмор.

За помладите генерации ова секако е незамислива сцена: лето, 2023 година, автомобил „101“, со регистарски ознаки на Копривница натоварен со потребните намирници вози кон Јадранот.

За повозраните генерации ова беше вообичаена сцена во 80-тите години, кога на Јадранот доаѓаа речиси од сите земји на поранешна Југославија, но и од околината.

Благодарение на магазинот „Auto“ од 1972 година, можеме да дознаеме колку чинел тогаш еден „101“. Бараната сума била 2.084 американски долари, пишува „Bjelovar.live“, која во претворена во денешни пари би изнесувала нешто повеќе од 11.000 евра, пренесува „Официјална страница на форумот Застава 101“ на Фејсбук.

Последниот примерок на Застава 101 е произведен пред 15 години, поточно на 21 ноември 2008 година.

Најчитани вести