Преку социјалната мрежа Инстаграм со објавување на слики од нивните златни бурми од венчавката, Анастасија и Немања ја известија јавноста за овој чин.

„Господин и госпоѓа Гудељ“, напиша пејачката под фотографијата.
На церемонијата на црквената венчавка која ја направија во манастир во близина на Белград биле присутни само најблиски членови на семејството и кумовите.
Неодамна на Ибица на романтична вечера нејзиното момче Немања Гудељ ја побара за жена, по што следуваше перформанс со танчери и жива музика.


