Поранешната мис на Југославија на шеесет години објави фотографија во костим за капење

Поранешна мис на Југославија и една од најубавите жени на поранешната земја, Ана Сасо ужива во летото. Таа на Инстаграм објави фотографии во едноделен костим за капење на брод и ги воодушеви нејзините фанови.

„Прекрасна жена“, „Безвременска убавина“, „Дали е можно?“, „Совршена, едноставна, прекрасна“, „Нека ти завидуваат“, се само дел од коментарите под фотографиите.

Пред 41 година таа ја освои титулата Мис на Југославија. Пред две години Сасо откри дека се омажила за хирургот Хрвоје Томашовиќ со кој живеат во Самобор.

Најчитани вести