(ВИДЕО) Шварценегер откри: Поради грешка на лекарот можеше да умрам

Актерот Арнолд Шварценегер се присети на операцијата поради која, како што вели, можел да умре.

„Се сеќавам кога ми ја направија третата операција на отворено срце. Беше пред неколку години, непосредно пред да започнеме со снимањето на Терминатор 6. навистина се исплашив. Се разбудив и наеднаш над мене беа лекарите кои ми велеа: „Многу ни е жал, но не беше како што планиравме“ – се присети актерот.

Тој додаде дека тоа требало да биде едноставна процедура, но се се искомплицирало кога лекарите по грешка му го пробиле ѕидот на срцето, предизвикувајќи внатрешно крварење. Потоа морале да му го отворат градниот кош за да му го спасат животот.

„Се прашував како ќе се извлечам од се. Во филмот требаше да трчам, да снимам борбени сцени, да кревам разни предмети… Но, прво морав да излезам од болница. Ми помогнаа и многу ме мотивираа пријателите“, додаде актерот чие закрепнување напредувало бавно – започнал со 10 чекори дневно па до секојдневни прошетки низ болницата.

Најчитани вести