Погба пред четиригодишна суспензија поради допинг

Суспензија до четири години му заканува на играчот за врска на Јувентус и француски репрезентативец Пол Погба поради позитивен допинг тест.

Позитивниот наод со траги од тестостерон е пронајден во неговата крв по натпреварот од италијанското првенство меѓу Удинезе и Јувентус, одигран на 20 август, јавија италијанските медиуми.

Јувентус на тоа гостување во Удине победи со 3-0, а 33-годишниот Погба го проследи целиот натпревар од клупата за резерви.

Погба е суспендиран по автоматизам додека, според протоколот, не се изврши повторено тестирање.

На францускиот фудбалер му се заканува суспензија во траење до четири години доколку се утврди дека зел лекови за подобрување на своите перформанси, меѓутоа, зголеменото ниво на тестостерон може да се поврзе и со одреден медицински проблем.

МИА

Најчитани вести