Трамп до иранските преговарачи: Затворете го Ормускиот Теснец и нема да се вратите во својата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле да ја „преземат“ Ормуската Теснина ако не се постигне договор со Иран и упати закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија.

– Можеби ќе ја преземеме Ормуската Теснина, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин, рече Трамп во телефонско интервју за Фокс њуз.

Иранските државни медиуми вчера објавија дека иранската воена команда одлучила да ја затвори Ормуската Теснина поради наводни израелски прекршувања на прекинот на огнот во Либан и затоа што САД „не ја спроведоа“ првата точка од привремениот договор за завршување на војната.

– Затворете ја Ормуската Теснина и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата е…а земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе ги дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам, изјави Трамп.

Тој повтори дека САД би можеле да станат „ангел чувар“ на Ормуската Теснина и да земаат 20 проценти од нафтата што поминува низ него. 

Прашан за изјавата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Иран го задржува правото да збогатува ураниум, Трамп реагираше жестоко: „Подобро да внимава што зборува. Подобро да се смири или ќе го преземеме остатокот од земјата“.

Трамп претходно му се закани на Иран дека повторно ќе го „удри ште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах.

МИА

Најчитани вести