За само седум месеци, 15 сторители кривично се гонат за измами со брзи кредити

Од почетокот на годинава заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на злоупотреби на лични податоци и измами со таканаречени брзи кредити, за кои поднесени се девет кривични пријави, а кривично се пријавени 15 сторители, информирал на координативен состанок министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Тоа е сериозно зголемување случаите во однос на претходната година, кога биле евидентирани 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени биле 16 кривични пријави за 24 сторители. 

Поради ваквата зачестена појава вчера бил одржан координативен состанок кој вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска го реализирала со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“, објави 24инфо.мк.

Најчитани вести