Марез хоспитализиран поради труење со храна

Лоши вести доаѓаат од Саудиска Арабија. Според арапските медиуми, Ријад Марез ненадејно бил хоспитализиран поради здравствени проблеми. 

Само неколку дена откако фудбалерот се ожени, одигра пријателски натпревар со Сенегал, а по триумфот на неговата селекција почувствува здравствени проблеми.

Тој бил хоспитализиран во Џеда откако почувствувал болки во стомакот, а првите анализи наводно покажале присуство на бактерии во стомакот, па се сомнева дека бил отруен во еден од тамошните ресторани. За жал, труењето не беше безопасно и Марез мораше итно да биде хоспитализиран за да му се направат дополнителни прегледи и да се следи неговата состојба. 

По освојувањето на тројната круна со Манчестер сити, Марез потпиша договор во Саудиска Арабија каде стана играч на Ал Ахли. 

Најчитани вести