Хју Џекмен не носи бурма: Среде разводот тој пешачи и вози велосипед

Откако објави дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Дебора-Ли Фурнес, холивудскиот актер Хју Џекмен (54) за прв пат излезе во јавноста.

Она што веднаш привлече внимание е тоа што повеќе не го носи својот венчален прстен.

Актерот е фотографиран како се шета по улиците на Њујорк, а подоцна отишол на возење велосипед. Ова е негово прво појавување откако објави дека по 27 години брак се разведува сопругата Дебора-Ли (67).

Нивниот брак се сметаше за еден од најхармоничните во Холивуд. Поради разликата во годините неговата сопруга постојано беше мета на критики, но за Хју годините не играа некоја улога.

Актерот не сакал да го коментира разводот за медиумите.

„Не чувствувам дека е правилно да зборувам за тоа на улица, но ја ценам вашата загриженост. Ова е многу тешко време“ – изјавил тој за „Daily Mail’.

Актерската двојка неодамна објави дека се разведува. Заедно имаат две посвоени деца; синот Оскар Максимилијан (23) и ќерката Ава Елиот (18).

„Благословени сме што поминавме речиси три децении заедно како маж и жена во прекрасен брак со љубов. Нашето патување сега го менува правецот и одлучивме да се разделиме за да се посветиме на нашиот личен раст“, изјавија тие во заедничкото соопштение во кое информираа дека се разведуваат.

Најчитани вести