Уредниците на „Дејли стар“ ja прашале вештачката интелигенција како и кога ќе дојде крајот на светот, а софтверот Бард на „Google“ одговорил со четири застрашувачки предвидувања.
Но, исто така Бард понудил и објаснување, како и решение како луѓето можат да ги „надминат“ сите можни предизвици. „Судбината на светот е во рацете на луѓето“ и имаме „моќ“ да се уништиме себеси, предупредил Бард.
Вештачката интелигенција не можела точно да предвиди кога ќе дојде крајот на светот.
Природни непогоди
Масивен удар на астероид, супервулканска ерупција или глобална пандемија потенцијално би можеле да го избришат човештвото. Големиот удар на астероидот би предизвикал масовно уништување и загуба на животи, па дури и може да доведе до изумирање на целото човештво. Се верува дека ударот на астероидот „Chicxulub“ пред 66 милиони години го предизвикал изумирањето на диносаурусите.
Супервулканската ерупција може да ослободи огромно количество пепел и прашина во атмосферата, блокирајќи го сонцето и предизвикувајќи глобална вулканска зима – по што следува глад и изумирање на растителниот и животинскиот свет и со тоа и отежнување на преживувањето на луѓето.
Глобална пандемија на смртоносна болест може да убие милиони луѓе и да го наруши глобалното општество. Пандемијата COVID-19 покажа колку брзо болеста може да се прошири низ целиот свет и да предизвика широко распространето нарушување на системите.
Нуклеарна војна
Нуклеарна војна меѓу две или повеќе големи сили, исто така, може да доведе до крај на светот, т.е. по нуклеарната зима што предизвикана од нуклеарната војна. Нуклеарното оружје е многу моќно и може да предизвика масовно уништување и загуба на животи.
Во нуклеарна војна ќе загинат милиони луѓе, а труењето со радијација може да убие многу повеќе. Дополнително на тоа, пепелта и прашината што ќе се создаде после бомбата ќе ја блокира сончевата светлина без која ниту една култура не може да се одгледува. По големиот глад преживувањето на човештвето ќе биде сериозно загрозено, ќе започне со економско нарушување глобален економски колапс, широки социјални немири… Нуклеарнот оружје ќе предизвика голема еколошка штета, вклучително и контаминација на водата и почвата, што може да го отежне животот на луѓето во некои области и да доведе до долгорочни здравствени проблеми за преживеаните.
Климатски промени
Доколку не им посветиме доволно внимание на климатските промени, тоа би можело да доведе до глобални катастрофи какви што се покачување на нивото на морето, екстремни временски прилики и масовни истребувања. Покрај овие специфични ефекти, климатските промени може да доведат и до колапс на цивилизацијата со тоа што ќе го отежнат функционирањето на владите и ќе ги нарушат глобалните економски системи.
Важно е да се напомене дека најлошите последици од климатските промени може да се избегнат ако сега преземеме мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови. Меѓутоа, ако не преземеме акција, влијанијата на климатските промени ќе станат сè посериозни и би можеле да го отежнат опстанокот на луѓето на Земјата.
Вештачка интелигенција
Некои луѓе веруваат дека вештачката интелигенција на крајот би можела да стане толку интелигентна што ќе ја надмине човечката интелигенција и ќе одлучи да го елиминира човештвото.
Ова е вообичаено сценарио во научната фантастика, но исто така е сериозна загриженост кај некои истражувачи на вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција може да развие автономно оружје што може да убива без човечка интервенција.
Ова може да доведе до случајна или намерна трка, што на крајот може да доведе до нуклеарна војна.


