МВР го расчисти убиството во скопски Хром, уапсен извршителот на кривичното дело

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е  од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”.

Имено, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на  мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и  приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести