Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 221 возач.
Како што соопшти денеска МВР, од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.


