Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против лице од Неготино за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што се наведува во соопштението, постои сомневање дека М.Д. (41) од Неготино извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.
„Имено, пријавениот, во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на Буџетот на Општина Неготино“, соопшти МВР.


