Северина се повредила на концерт

Популарната пејачка Северина откри дека се повредила на концерт.

„Секој пат и постојано сакам да ги гушкам луѓето кои ги сакаат моите песни и кои го сакаат тоа што го работам, бидејќи љубовта и емоциите се најважни, голема нишка која нè обединува и која ни е потребна на сите“, напиша пејачката на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

„Се удрив во челична конструкција и мислев дека ми пукна потколеницата. Среќа имам само крвава рана и полно срце“, напиша Северина со видеото што го објави од концертот и им се заблагодари на сите присутни на концертот во Осиек и на нејзиниот тим.

Најчитани вести