Има 23 години, а нејзината мајка 56. Изгледаат многу слично, луѓето мислат дека се сестри

За Кетрин Галасо-Вигорито (56) често се мислат дека ѝ е сестра на нејзината 23-годишна ќерка Габриела. Имено, мамјката и ќерката се толку слични и блиски што се облекуваат сосема исто и покрај тоа што разликата меѓу нив е 33 години, пишува The Sun.

Секој ден тие се облекуваат во иста облека, а сето тоа започнало уште ког Габриела била бебе. Кетрин купувала иста облека за нејзините три ќерки и за себе затоа што честопати било полесно и и било „забавно“. Додека нејзините ќерки Лорен (24) и Софија (18) не сакаат да изгледаат како и нивната мајка, Габриела тоа го обожава. Тие двете се неразделни и продолжуваат да го усогласуваат нивниот стил за да изгледаат „гламурозно“ и хармонично.

Нивната основна гардероба подразбира фустан и штикли, а Кетрин дури носи иста големина како и нејзината ќерка. Семејството живее во Конектикат, САД, каде Габриела работи како козметичар и дизајнер, додека Кетрин е писателка.

„Секогаш се усогласуваме. Во спротивно предизвикуваме збунетост каде и да одиме. И двате сме секогаш расположени и позитивни“, изјави Габриела.

Тие две заедно си ги средуваат ноктите, одат на шопинг, патуваат и заедно ги прават идните планови.

Кетрин е воодушевена кога луѓето ќе помислат дека ѝ е сестра на нејзината ќерка.

„Изгледаме потполно исто. Нè поврзува облеката, но и срцето“, изјавила Кетрин.

Секој ден тие две се обидуваат да изгледаат исто, освен деновите кога Габриела мора да носи униформа за нејзината работа во салонот. Тие неодамна прошетаа заедно на ревија на модната недела во Њујорк облечени во свечени фустани.

„Сакав да одам на аудиција за модната недела, а мајка ми ми рече „и јас““, раскажа Габриела.

„Носевме прекрасни, виолетови фустани со големи, надуени ракави. Луѓето нè фотографираа.

Вообичаено Габриела ја избира нивната облека и секогаш и прави фризура и ја шминка мајка ѝ и сама себе. Се надеваат дека во иднина заедно ќе дизајнираат линија на облека или накит и заедно ќе прошетаа по црвениот тепих. Габриела сака да тргне по стапките на мајка ѝ, која е поранешна Мис Конектикат.

Најчитани вести