(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР исфрли над 62 тони вода, локализирани пожарите во Кондово и велешко

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани.  Хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрли над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.

Најнови вести

Најново од Македонија