Европскиот фронт ќе победи на изборите и ќе ја формира следната Влада. Јас сум секогаш оптимист. Ова ќе ми бидат први избори како директен учесник на изборите“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во интервју за „Само интервју“ на Канал 5.
Тој додаде дека доволно имаа направено, само треба да ги потсетат граѓаните што се е направено во периодот од 2020 до 2024 година кога ќе бидат изборите.
„Сметам дека не оставивме никого зад себе, на секого помогнавме и кога беше најтешко и тогаш докажавме дека не веруваме дека може да се поткупат нашите граѓани и затоа која дававме помош за КОВИД со платежните картици и други пакети на антикризни мерки и во 2020 во време на пандемијата. Ги добивме изборите, направивме влада, продолживме да се грижиме за секого затоа што мотото „Никој да не биде изоставен“ е еден од императивите по кои што работиме“, заклучи Битиќи.


