Производи од грозје на „Неготинско младо вино“

Производи од грозје се изложени попладнево на штандови на градскиот плоштад во Неготино, во рамките на настанот „Неготинско младо вино“, што го организира Општината. 

-Ноември е месец на младото вино, се одбележува во целиот свет, па и во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во државата. Настанот е во пресрет на одбележувањето на 8 Ноември, денот на општината Неготино, информираа од Локалната самоуправа. 

Настанот е збогатен со забавно-музичка програма, што ќе трае до 21 часот. 

-Со богата програма што оваа година Општината ја подготви во чест на денот на градот, ќе биде одбележана 79. годишнината од ослободувањето на Неготино. Големиот број културни, спортски и други настани ќе се одржат од 6 до 8 ноември на повеќе локации во општината, а свечената седница на општинскиот Совет ќе се одржи во среда  со почеток од 11.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, ,соопштија од Локалната самоуправа. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести