Швајцарецот Роман Бурки (32) е прогласен за голман на годината во американската МЛС лига.
Голманот на Сент Луис ја освои наградата пред Американецот Роман Селентано од Синсинати и Перуанецот Педро Гаљесо од Орландо.
Бурки е на голот на Сент Луис од 2022 година.
Во американската МЛС лига дојде по настапите во Борусија Дортмунд, Јанг Бојс, Тун, Грасхоперс и Фрајбург.
МИА


