Марселино се врати на клупата на Виљареал

Шпанскиот фудбалски стратег Марселино Гарсија Торал (58) се врати на кормилото на прволигашот Виљареал на чија клупа седеше од 2013 до 2018, објави синоќа клубот од Ла Лига.

Марселино доаѓа на местото на Хозе Роха Пачета, кој доби отказ пред неколку денови.

„Добредојде повторно дома, Марсе“, објави Виљареал, најавувајќи ја промоцијата на Марселино за денеска.

Марселино оваа сезона го предводеше Марсеј, но доби отказ по само три месеци, а на клупата на францускиот прволигаш го замени Џенаро Гатузо.

Виљареал во моментов е на 14 место во Ла Лига со 12 бодови, пет повеќе од зоната за испаѓање.

МИА

Најчитани вести