Јокиќ забележа трипл-дабл и го израмни својот личен рекорд во асистенции

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го постигна својот петти трипл-дабл сезонава ноќеска во поразот од Њу Орлеанс со 115:110.

Јокиќ забележа 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Србинот го израмни својот рекорд по број на асистенции во натпревар од НБА-лигата.

За 36 минути игра Јокиќ имаше шут 10 од 20 од поле и 5 од 5 од линија за слободни фрлања. 

Денвер со девет победи и три порази е лидер на табелата во Западната конференција. 

МИА

Најчитани вести