Казни за 144 возачи за брзо возење на територија на цела држава

 Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 144 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Најчитани вести