Македонските фудбалери до 19 години ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2024

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска. 

„Црвено-жолтите“ ќе играат во Групата-7 со Швајцарија, Украина и Летонија.

Селектор на оваа македонска репрезентација е Тони Јакимовски.

Елитната рунда квалификации ќе се игра од 18 – 26 март 2024 година. 

Пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација. 

МИА