Со доаѓање на потоплите денови и почестото отворање на прозорците за свеж воздух, домаќинствата се предупредуваат за едноставен трик што може да помогне во спречување на проблемот што редовно се јавува во април, појавата на муви во домот. Имено, како што температурите растат, мувите стануваат поактивни, особено кога ќе се искачат до околу 15 степени Целзиусови. Токму затоа во овој период тие сè повеќе влегуваат во домовите, особено во кујните, привлечени од мирисите на храната, пишува Express.
Многу луѓе користат инсектициди за да се ослободат од нив, но ваквите решенија можат да ги наполнат просториите со штетни испарувања и да остават хемикалии на површините. Експертите од професионалната компанија за чистење Time For You предупредуваат дека постојат поедноставни и поприродни начини за одбивање на мувите. „Не мора да го полнете вашиот дом со спрејови против муви за да ги држите подалеку, едноставно распоредете кора од портокал или лимон покрај отворените прозорци или покрај корпата за отпадоци. Нам ни мириса убаво, но мувите не го сакаат тоа“, велат експертите.

Иако може звучи необично, мувите имаат исклучително развиено чувство за мирис, кое го користат за да најдат храна и места за положување јајца. Користејќи ги своите пипала, тие можат да детектираат мириси на гниење или шеќер од голема далечина, поради што често завршуваат во кујните. Од друга страна, цитрусните овошја содржат високи концентрации на лимонен, масло со интензивен мирис што ги дезориентира мувите. Корите од лимон и портокал можат да ги маскираат мирисите што ги привлекуваат, предизвикувајќи мувите да заклучат дека нема храна во близина и да одат на друго место.
Ги иритираат мувите
Покрај тоа, маслата од цитруси можат да ги иритираат мувите, сигнализирајќи им дека местото е опасно или несоодветно за размножување, па затоа брзо ќе го напуштат. Постапката е едноставна: откако ќе изедете лимон или портокал, зачувајте ги лушпите и нежно свиткајте ги за да ги ослободите маслата. Потоа ставете ги на прозорските даски, околу корпата за отпадоци или во близина на чинијата со овошје. Лушпите треба да се менуваат кога ќе се исушат, односно на секои неколку дена за да се одржи нивната ефикасност.


