Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска му го честиташе 80-тиот роденден на својот американски колега Доналд Трамп, со кого разговараше и за војната во Украина.
– Разговорот беше прилично богат, од роденденска честитка до дипломатија, војна и мир – изјави советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, прецизирајќи дека разговорот траел меѓу 30 и 35 минути.
Зеленски и Трамп повторно ќе разговараат во вторник, бидејќи двајцата учествуваат на истиот работен состанок на самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот – Г7, во Франција.
МИА


