Велешанецот на пеесет и деветгодишна возраст, кого неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, вчера бил пронајден починат на автопатот Скопје-Велес.
Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
извор: slobodenpecat.mk


