Ковачевски: Работниците во енергетскиот сектор нема да остануваат без работа, туку напротив ќе ни требаат уште работници со подобри квалификации

„Инвестициите во зелената транзиција креираат високо платени работни места. И тука сакам да напоменам дека не треба да се шпекулира, работниците во оваа индустрија нема да остануваат без работа, туку напротив ќе треба уште работници со подобри квалификации кои што ќе работат на најновите технологии за производство на електрична енергија, за складирање на електрична енергија во батериски системи и исто така на берзите кои што ќе се отвораат во регионот со кои што веќе она што беше единствено резервирано само за државите поединечно, ќе стане регионален пристап во однос на снабдувањето на електрична енергија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој додаде дека Зелениот план на Европската Унија, за одржливост на економиите се однесува на цела Европа, а не само на Европската Унија, и затоа продолжуваме да го следиме примерот на Европската Унија за поефикасно спроведување на транзицијата и  декарбонизација.

„Граѓаните да бидат спокојни дека со продолжување на политиките на оваа Влада, добиваат гаранција дека државата ќе има сигурно и стабилно производство на чиста  електрична енергија во наредните 30 години од домашни извори, и дека државата и ЕУ ќе бидат гарант за праведната енергетска транзиција“ рече Ковачевски.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести