Денеска полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на М.И. (31) во Скопје. При претресот пронајден е кокаин.Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


