Познати термините за натпреварите од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ 2024

Кошаркарската федерација денес го објави распоредот според кој ќе се играат натпреварите на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2024“.

Оорганизаторот на купот екипата на Пелистер од Битола го искористи правото да бира термин па мечот со Феникс ќе го играат последни во денот.

Распоред за одигрување на четвртфиналните натпревари на 15 февруари:

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (почеток 12 часот)

Еуро Никел – Чаир (14:30 часот)

Работнички – ТФТ Моцарт (17 часот)

Пелистер – Феникс (19:30 часот).

Во петок на 16 февруари се двете полуфиналиња, а ден подоцна (17 февруари) ќе се одигра финалниот натпревар. 

МИА