Претрес во Штип, пронајдени дрога и пиштол

Во Штип вчера во 16.40 часот полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип, соопштија денеска од МВР.

– При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника