Ал Наср загуби од Ал Аин во пенал рулетот и е елиминиран од азиската Лига на шампиони

Саудиски Ал Наср загуби на пенали од Ал Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони. Во реваншот одигран синоќа во Ријад тимот на Роналдо победи со 3:2 по продолженија. Основните 90 минути завршија со 2:1, а во дополнителните 30 беа постигнати по еден гол на двете страни, па се дојде до вкупни  4:4 заедно со резултатот (1:0) од првиот натпревар.

Во пенал серијата за Ал Наср погоди само Роналдо, додека за тимот од ОАЕ ги реализира првите три удари од 11 метри и избори четвртфинале.

Во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Аин ќе се сретне со победникот од двојката Ал Хилал – Ал Итихад. 

МИА

Најчитани вести