Битиќи: Се штитат граѓаните од неетичко однесување на трговците, неправедно зголемување на цените и се заштитува нивниот животен стандард

Се штитат граѓаните од неетичко однесување на трговците, неправедно зголемување на цените и се заштитува нивниот животен стандард.

Се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи.

Се регулираат 26 нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Нема да се дозволи да се користи моќта на некоја голема компанија која ќе има екстра маржа, при тоа користејќи производи на другите компании, а целиот тој товар да оди на грбот на нашите сограѓани.

Очекуваме да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.

Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Да ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите

Република Северна Македонија е единствена земја во регионот која со овој закон се приближува кон легислативата на земјите членки на Европската Унија, бидејќи истиот е резултат на директива на ЕУ, дополнително е чекор напред кон зацврстување на компетитивноста на домашниот пазар преку креирање на предвидлива и фер бизнис клима.

На денешната собраниска седница, Законот за нефер трговски практики беше изгласан со 82 гласа, ЗА, напиша на социјалните мрежи Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции.