На територија на цела држава казнети 715 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија во рамки на акцијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 715 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника